Лисиците на земја
15 јуни 2020Неколку стотици полицајци учествуваа на протестот во близина на париската Ајфелова кула. Притоа бројни патролни автомобили возеа со вклучени сини светла.
Некои полицајци ги фрлаа лисиците на земја во знак на протест против плановите на министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер за реформа на полицијата.
Уште во саботата навечер, десетици полицајци демонстрираа кај Триумфалната капија во Париз во своите патролни автомобили против обвиненувањата дека постои латентен расизам во нивните редови.
Пoвеќе:
-Расизам: Ни Европа не е невина
-Трамп е за употреба на задушувачки зафат во исклучителни случаи
-Пораст на расизмот во Германија
Полициските службеници на синоќешните процеси нагласија дека се незадоволни и од обраќањето на претседателот Емануел Макрон и покрај тоа што тој нагласи дека полицајците заслужуваат поддршката на целата јавност и признание од нацијата.
Во поголемите градови во Франција за викендот илјадници луѓе протестираа против расизмот и полициското насилство, упатувајќи притоа на случаи слично на оној на Џорџ Флојд во САД, кој предизвика бран на демонстрации ширум светот.