Здравје
Вознемиреност поради короната, Трамп како Супермен
10 октомври 2020Реклама
Шпанија со 850.000 инфицирани е особено погодена. Се зголемува бројот на пациенти во болниците. Ширум земјата важат строги рестрикции и мерки, меѓу другото и носење маски на отворено. Шпанската влада вчера прогласи вонредна состојба во Мадрид. Во градот и дел од предградијата луѓето смеат да го напуштат домот само со добра причина, како одење на работа или за посета на лекар. Вонредната состојба треба да трае две недели.
На оваа #ФотографијаНаДенот жена на улиците на Барселона минува покрај новото дело на стритартистот ТВБој, кој го има прикажано американскиот претседател Трамп во костум на Супермен кој лета низ Ковид-19 меури.