Трендови на туристичката берза во Берлин
7 март 2007Пред се изобилство на бои на местата во Африка, Азија и на Карибите. Шаренило од плакати на кои се повикува на експедиции во Сахара, велосипедски тури на Хималаите или капење на оригиналните места каде што е сниман филмот „Карипските пирати„. Меѓутоа, овие егзотични места имаат силна конкуренција:
„Германија е фантастично место за одмор. Тоа го доживува секој што патува низ земјата или е гостин„.
За Германците најпопуларна е сопствената земја. Секој трет турист се одмара на Алпите, во планините во средиштето на Германија и на Балтичкото море:
„Копнежот по сонце е постојан„, вели претседателот на туристичкиот сојуз Клаус Лепле:
„Сепак решавачки е одност меѓу цените и услугите„.
Со години инаку, Германците беа задоволни со двонеделните паушални патувања на Средоземјето, вклучувајќи авионски лет, трансфер и хотел. Туристичките бироа натаму ги збогатуваа каталозите, букираа и ја добиваа својата провизија. Така тече и натаму, но се почесто се вели: сонце, плажа и море, но по поволни цени:
„Во моментов сосема е јасна тенденцијата дека најголемиот удел веќе не се остварува преку класичните туристички бироа, туку се’ повеќе преку други медиуми како интерент, кол-центри, туристичка телевизија и секако преку големи филијали„.
Меѓутоа, дали ќе бидат избрани Балтикот, Ориентот или Мајорка, сите цени клинетите можат лесно да ги споредуваат преку интернет. Се почесто ги обезбедуваат одморите он-лајн за стандардните дестинации како Шпанија, Италија и компанија: овде поефтин лет, онде поефтин хотел или поповолна цена за рента-кар. На тој начин вистина може да се заштеди, пресметал туристичкиот експерт Јирген Зупанчич од фирмата Медија контрол:
„Неодамна направивме тест. Заштедите беа енормни, иако мора да се калкулира два до три часа за да се најде најповолната понуда на интернет„.
Инаку, рекламни спотови сега користат само туристичките бироа. Порано ги имаше 20, сега само уште 12 илјади со тенеденција на натамошно опаѓање. Меѓутоа, туристите не мораат да страхуваат за квалитетот на советите. Во Германија се уште има повеќе туристички бироа по жител од која и да е друга држава во светот.