Таблетата што го промени светот има 50 години!
18 август 2010Анти-беби таблетата во себе ги содржи женските хормони естроген и гестаген во различен состав, кои на женското тело сигнализираат бременост. Антибеби пулулите делуваат директно на мозокот и го спречуваат распространувањето на хормонот гонадатропин. На тој начин не доаѓа до овулација кај жената, а со тоа не е можно ниту забременување. Жените, кои ги земаат таблетите редовно, имаат речиси 100 процента сигурност дека нема да забременат. Хормонската таблетка беше пронајдена благодарение на две Американки, стари преку 70 години -милионерката Кетрин Мек Кормик и медицинската сестра Маргрет Сингер. Тие им дадоа налог на фармаколозите Грегори Пинкус, Џон Рок и Виенчанецот Карл Џераси, кои го развија првиот хормонален метод за контрацепција, најпрво преку етички спорни научни обиди врз сиромашното население во Порторико. Во тоа време анти-беби пилулата важеше за револуционерно откритие и требаше да го промени светот.
Секс без страв од забременување
Во 1961 година германската фирма Шеринг ја пушти првата пилула на европскиот пазар. Во годините потоа, во индустриските земји драстично се намали наталитетот кај луѓето. Во тоа време лекарите официјално ги препишувале пилулите како средство против менструални болки. Контрацептивното дејство на пакувањето било напишано само како споредна работа. На почетокот на 60-те години, сексуалноста била табу тема на Запад. Дејството на антибеби пилулите, од медицински аспект, и денес е се’ уште спорно. Некои медицински студии укажуваат на можни последици, како тромбоза или емболија, и покрај тоа што составот на хормоните во таблетите повеќепати е подобрен. Па сепак, околу 100 милиони жени ширум светот користат редовно антибеби пулули. Во Германија тие се најчесто користеното средство за контрацепција. Дури и 50 години по пронаоѓањето!
Автор: Гудрун Хајзе / Бисера Огњановска Митров
Редактор: Жана Ацеска