Состојбата во Израел
6 јануари 2006„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ во коментарот забележува:
„ Не само Израел, туку и целиот свет ќе мора да живее без Ариел Шарон, човекот кој во последните неколку години од десно ориентиран прерасна во заговорник на политичкиот центар. Шарон во изминатите години низ својата политика во Израел стекна доверба и меѓу оние кои долго врене ги отфрлаа неговите политички ставови. Дали Ехуд Олмерт кој во моментов ја вржи долноста премиер може да ја консолидира партијата Кадима која Шарон ја формираше пред својата болест? Уште потешко е да се процени дали ќе продолжи и онака комликуваниот и непрегледен мировен договор„ прашува во коментарот весникот „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„
Во „Келнер Штат Анцајгер„ на истата тема читаме:
„ Четиригодишниот мандат на Ариел Шарон го карактеризира обидот да се реши блискоисточниот конфликт. Тоа за него во прв план не значеше воспсотавување целосен мир, бидејќи во него не веруваше. Шарон сакаше да се намали обемот на израелско-палестинските судири. Израелците му веруваа на стариот воен херој, Шарон. Доколку во иднина земјата ја водат неискусни политичари, може да се случи тие да се обидат да профитираат со воведување поостри мерки. Тоа во секој случај не би било во корист на мирот„ анализира „ Келнер Штат Анцајгер„
„ Ландесцајтунг„ гледа надеж во периодот кој следува по Ариел Шарон:
„ Досегашната брутална политика на Шарон ќе му недостасува на Блискиот исток во ситуација кога иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад сонува за атомско уништување на Израел и кога актуелниот хаос во палестинските предели им одат на рака на радикалните исламисти. Наследник на Шарон би можел да биде Бенјамин Нетанјаху. Тој во најмала рака, исто како и Шарон, спаѓа во редот на конзервативните националсти„ закључува во коментарот весникот „ Ландесцајтунг„