Сообраќаен инцидент во Берлин
3 јули 2006Дали станува збор за несреќа се уште не е јасно. Полицијата претходно испитуваше дали во автомобилот нема експлозив, за потоа да соопшти дека ја исклучува можноста од терористички напад. Во автомобилот имало две лица. 33- годишниот возач и 55-годишна жена. Шефот на полицијата Дитер Глич синќа изјави:
„Возачот е германски државјанин со индиско потекло. Неговите родители се родени Индуси„.
Сенаторот за внатрешни работи на Берлин Ерхарт Кертинг:
„Ваквите дела не можат да се спречат со апсолутна сигурност. Одговорните за безбедноста се обидуваат да гарантираат безбедност во рамките на можното„. Соопштено е дека поради инцидентот нема ништо да се смени во безбедносните мерки. Синоќешниот концерт на навивачката милја во Берлин се одржа како што беше предвидено и без инциденти.