Само со Европа
3 август 2014Химни, знамиња, почесни госи, поклонување пред паднатите борци, положување на камен темелник, сречни прегратки и речиси скриено држење за раце на двајцата претседатели. Сликите од Хартмансвајлеркопф во Вогези придвижуваат, но тие нема да се жигосаат во колективното сеќавање, како сликата на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран и екс-канцеларот Хелмут Кол, кои над гробовите во Ведрин во 1984 година се држеа за раце. Тогаш Митеран и Кол сигнализираа дека помирувањето на поранешните „душмани“ Франција и Германија конечно успеа. „Европа е нашата татковина“, се изјаснија тие тогаш. Денеска, 100 години по почетокот на Првата светска војна францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот претседател Јоахим Гаук сигнализираат; ги извлековме поуките од претераниот национализам и вараварскиот масакр. Германско-француското помирување денес ги обврзува двете нации натамошно да ја градат Европа.
Пример за Африка или Блискиот Исток
Европската унија за Гаук не е волја на историјата, туку поука од неа. Оланд оди уште подалеку и мировниот проект Европа, кој своите корени ги има во стравотиите на двете војни, го претставува како пример, како поттик за другите делови на светот. Кога „заколнатите непријатели“, кои стотици години си нанесуваа толку многу страдања, на крајот се помирија, зошто тоа да не биде можно на Блискиот Исток или во Африка? Се разбира тоа мора да важи и во самата Европа. Франција нуди да стори повеќе за помирувањето во Украина со Русија, рече Оланд. Гаук беш поопшт и поврздржан. Важно е што двајцата ѝ сигнализираа на Русија; повеќе не живееме во свет на национални држави од 1914. Народите на Европа денес работат заеднички. Денешна Русија не би требало повеќе да го следи погрешниот пат на тогашното кралство на царевите.
Пораката од Хартмансвајлеркопф гласи: Војната не смее во Европа повеќе да биде средство на политката, иако за жал постојано избива, на Балканот и во Грузија во последните децении и сега во Украина. Против ова Гаук полага на: „Само едни со други!“ Во Европа израсна една длабоко мировна генерација. Душмани од раѓање, какви што ги познаваа дедовците и татковиците на Оланд и Гаук, повеќе нема. Франсоа Оланд поради загрижувачкиот порст на националистичката партија Национален фронт се обрати и кон внатрешноста. Европа не ги оддалечува луѓето од нивната татковина. Љубовта кон татковината, значи патриотизмот, би морало да биде сфатена како воља да се живее заеднички.
Мали потешкотии во споредба со порано
Оланд е во право кога вели, Европа денес не е иедална и по многу точки оспорувана. Потребни се поголем пораст, вработување и солидарност. Но, останува гаранцијата за мир и слобода. По искуствата од светските војни Европејците немаа друг избор отколку да ја положат оваа „особена авантура во историјата на човештвото“ (Оланд). Исто така и германскиот претседател јасно ги отфрли популистичките европротивници. Европа останува тешка, но генерацијата на нашите предци би била среќна, доколку би морале да ги надминат само овие потешкотии, опомена Гаук.
Францускиот претседател допушти и малку да се погледне во историјата на сопственото семејство. Неговите дедовци никогаш не раскажувале многу за своите доживувања од војните, бидејќи не можеа, раскажува Франсоа Оланд. Оттука тој денес ја извлекува обврската, дека не смееме повеќе да молчиме. Мораме да се потсетуваме и да оддаваме почит за да спречиме, да се повторат бесмисленото умирање и ужасите на војната. Ново размислување и ново потсетување е заклучокот кој го извлече Јоахим Гаук.
Тоа беа добри и важни говори на двајцата претседатели. Историската димензија на гестот на Митеран и Кол нема да биде постигната, но и овој гест е тешко да се повтори и надмине.