Самит на Србија и Црна Гора во Белград
12 мај 2006Српскиот премиер Воислав Коштуница оцени дека не било добро решението на ЕУ за суспензија на преговорите со СЦГ, оти проблемите морале да се решаваат „во атмосфера на соработка и подршка“. Според него, владата на Србија ќе го реши проблемот на соработката со хашкиот Трибунал, што опфаќа и израчување на генерал Ратко Младиќ, за да продолжат преговорите и до крајот на годинава да биде склучен договорот со ЕУ за стабилизација и асоцијација.
Ѓукановќ, пак, нагласи дека примерот на ЕУ покажува оти „само целосната државност во модерно значење овозможува рамноправност“. Кога ќе бидат решени статусните прашања, ќе бидат создадени услови во преден план да бидат политичките, правните и институционалните промени и прилагодувања, од кои ќе зависи брзината на приближување кон ЕУ, рече Ѓукановиќ.
Според црногорскиот премиер, „само теориски“ е можно да се претпостави дека на референдумот во таа република може да победи страната која се залага за заедничка држава, додека за Коштуница „ништо не е поприродно од тоа, Србија и Црна Гора да треба да останат да живеат заедно“.