Саемот „YOU - Берлин” - слика за трендовите кај младите
29 октомври 2007Гласна музика, шаренило од бои, фризури и стајлинзи и една заедничка нишка: младоста, е сликата од десетте хали во кои се одвива годинашниот саем на младите.
"YOU - Берлин” е најголоем европски саем на младите и годинава го посетија 170.000 млади луѓе во престолнината. Три дена за забави, спорт, концерти... ” Но, како вели Астрид Еринг, одговорна за медиумите на берлинскиот саем, не се заобиколени ниту сериозните теми значајни за иднината на младите: образованието и местата за изучување на професијата.
На саемот во Берлин се даваат совети и за можностите за образование
За првпат на еден ваков саем има соработка со трговската и индутриската комора на Германија, така што младите кои се во потрага по место за образование, може да добијат совети како да стигнат до него. Ова е се сконцентрирано во халата 18 каде оние кои се пријавуваат со малку среќа може да добијат и место за својата професионална иднина. „Музиката е апсолутнно топ хајлајт на саемот. Има четири подиуми каде во текот на трите саемски дена ќе настапат вкупно 75 музички групи. На крајот на тридневниот саем, в недела е и вистинскиот музички “шлаг” со групи како „Но Енџелс”, Марк Мелдокс и многу други уметници кои се магнет за младите девојќи...” забележува Еринг.
Претсавени нови спортски реквизити
Крај бините има турканици од млади кои сакаат од близу да ги доживеат своите миленици и нивната музика. Не помалку интересна за дел од посетителите е и халата посветена на спортот. Многумина сакаа да го испробаат новиот спортски реквизит таканаречениот „Скејт шу” - патика со две тркала на петата, за која иноваторот дваесетгодишниот Рајнер Мајорис кажува дека - Скејт шу е чевел со кој може да се оди, но и да се вози. Тоа е нормален чевел штој може брзо да се облече. Има оска и две тркала. Овие чевли кои како пронајдок беа наградени од телевизијата Про Зибен и наесен ќе ги има на сиот германски пазар. Целна група се младите мегу 10 и 15 години, но се забавни и за помалите деца.
Во спорската хала имаше и вистински мега салон за љубителите на нинтендо, помали сепареа за пинг - понг и други спортски реквизити. Но, најмногу тинејџерки имаше во делот посветен на стајлингот. Десетици и десетици мини салони работеа на разубавувањето на девојките. Потоа следеше шутинг сесија, па најубавото лице и фигура на крајот на YOU - Берлин ќе бидат и премирани со шанса за сериозен старт во светот на моделите.
Музиката и шминките привлечни за младите девојки
“На турнеја сме со автобусот за стајлинг на девојките. Ги шминкаме и им правиме адекватни фризури. Патувавме низ цела Германија и YOU - Берлин е наша последна станица” - вели Ирис на чија козметичка четка трпеливо чекаа триесетина девојки, меѓу кои и Дениз која вели дека најпрво сакала да чуе каква музика ќе биде презентирана, а потоа се заинтересирала и за деловите со стајлинг. Манола, пак, немаше трпение да чека за стајлинг, но неуморно одеше од штанд до штанд и се натовари со десетина кеси и кесички. ”Супер е што различните штандови даваат и подаруваат проби, шминки и ситници ” кажува лежерно и движејки се по ритмот на музиката, ја продолжи натамошната “опсада” на козметичките и стајлинг штандовите.