РФИ за почитувањата на правата на малцинствата во Бугарија
12 април 2004�ст да се изјасни како Македонец, мораше да го напише тоа рачно на маргините од листата.”, тврди Георгиев.
Француското меѓународно радио - РФИ (програма на француски јазик) испрати своја екипа за да се увери од блиску каква е ситуацијата со почитувањето на правата на малцинствата во Бугарија. Од посетата произлегоа две емисии, емитувани во рамките на една од најслушаните програми на РФИ посветена на земјите од Централна и Источна Европа, станува збор за емисијата : (тон)“Друга Европа”, уредувана и водена од Марија Бежановска.
Антонина Желиаскова, претседателката на центарот за изучување на малцинствата во Бугарија, за РФИ меѓу другото вели дека (тон) “последниот попис покажал постоење на дваесетина малцинства, од кои сите се признати и за кои владата финансира програми за запознавање на нивните култури и начин на живеење.” Според неа во Бугарија постои хармоничен етнички соживот.
РФИ констатира дека ако се направени посебни напори за ромското и турското малцинство, чија ситуација се подобрува, единствено ништо не се прави за правото на македонското малцинство, кое и не се признава како малцинство од Бугарската држава.
Иван Калчев, професор на Унверзитетот од Софија нагласува дека “Во Бугарија кога се зборува за малцинствата секогаш се зборува за Турците, Ромите, за Србите, но никој пат за Македонците. Па и социјалните испитувања од институтот на Желиаскова не пишуваат за македонското малцинство.”
“Навистина Желиаскова смета дека тоа е лажен проблем, за неа македонското малцинство е скоро непостоечко со оглед на неговата мала бројчана застапеност. Таа не разбира зошто организациите за заштита на човековите и малцинските права како Хелсиншкиот комитет или Хуман Рајт го тврдат спротивното.”
Француската новинарка, за време на престојот во Бугарија се сретна и со неколку претставници на македонското малцинство.
Македонското малцинство не очекува некое поробрување на ситуација со влегувањето на Бугарија во ЕУ, како Георги Радулов -“Гледајќи како се одвиваат работите во Грција, која е членка на ЕУ, скоро сите нешта останаа такви како што беа порано кога станува збор за Македонското малцинство,. ”
Стефан Влахов, професор на Универзитеот од Софија и воедно претседател на здружението на слободните писатели во Бугарија, не е изненаден од гоемиот број на книги од бугарските историчари посветени на Македонија : “Тоа е парадокс, но само на прв поглед . Кога во 1991 Република Македонија прогласи независност, неколкумина од нас се надевавме на размена на книги, на научна литертура, весници меѓу Бугарија и Македонија, за подобро да се запознаеме. Сите овие бугарски псевдо-научници беа против. Затоа пак во Македонија видов многу книги на бугарски автори, очигледно Македонците не се плашат од отворањето на границите. ”Проблемот е од бугарска страна”, смета Влахов и додава “Знаете дека ако денес се занимаваме во Бугарија со правата на малцинствата, тоа е бидејќи дека постои силен меѓународен притисок од ЕУ. Бугарите ги признаваат правата на малцинствата, но само под притисок, тоа е недостиг на зрелост. Сигурен сум дека еден ден ќе бидат принудени да го признаат и Македонското малцинство.”
Иван Драгаш како млад човек вели дека не му смета што живее во Бугарија, тој само бара “никој да не го спречува да биде тоа што е и зошто постои, ”Ништо повеќе не барам од бугарската држава, сакам да бидам рамноправен граѓанин со другите бугарски државјани”.
-За кои права зборуватем “Ние ги имаме сите права, освен правото да бидеме Македонци. Тоа е нашиот проблем.” вели младиот Драгаш, во емисијата “Друга Европа” на француското меѓународно радио РФИ, инаку прв сериозен обид во француските медиуми за да се прикажи постоењето на Македонското малцинство во Бугарија.