Разврска на изборите во Албанија
6 јули 2011Реклама
Лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди Рама упати последен апел до членовите на Изборниот колегиум да бидат внимателни при донесувањето на денешната одлука во врска со изборот на градоначалник на Тирана. Изборниот колегиум, кого го сочинуваат судии од Апелацискиот суд, денеска ќе решава околу жалбата на опозициските социјалисти во врска со изборот на градоначалник на Тирана.
Албанскиот претседател Бамир Топи, во апелот до Колегиумот, бара одлуката да не биде донесена под политички притисок. Доколку Колегиумот ја прифати жалбата на социјалистите тогаш ќе се повторат изборите во Тирана, ако пак ја одбие тоа значи дека победник е демократот Љуљзим Баша.
Автор: АТ/миа
Редактор: Горан Чутаноски