Политичкиот судир меѓу претседателот, власта и Парламентот во Македонија се заострува. По одлуката на претседателот Бранко Црвенковски за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев реакциите не стивнуваат.
Бранко Црвенковски нема да ги потпише законите донесени без присуство на опозицијатаФотографија: Macedonian Information Agency
Реклама
Министерството за правда смета дека шефот на државата направил груб атак врз судската власт. Спорот се проширува и со одлуката на Црвенковски да не ги потпише неколкуте закони кои Парламентот ги донесе без присуство на опозицијата, за што денеска и официјално треба да го извести претседателот на законодавниот дом.