Пожарите во Грција се` уште надвор од контрола
26 август 2011Голем шумски пожар продолжува да беснее во северната грчка област Еврос, каде од вчера (25.08) е прогласена вонредна состојба. Не стивнува ниту шумскиот пожар во реонот на Станос, во западниот дел на Грција. Огнената стихија во Ано Глифада крај Атина стигнала до населените реони.
Над 300 пожарникари, војници и волонтери се ангажирани во гаснењето на пожарот во североисточна Грција, кој досега уништи над 2.500 хектари шума. Нема информации за евентуални повредени, а полицијата соопшти дека уапсила локален земјоделец под сомнение дека намерно го подметнал пожарот.
Грција побара помош од европските земји за гаснењето на пожарите. Досега на повикот одговорија Шпанија и Франција, кои понудија по два канадери.
Автор: ТТ/ АТ/ миа/ макфакс
Редактор: Е.М. Фиданоска