Повторно протести против мерките за штедење во Грција
17 ноември 2011Се стравува дека за протестите во Атина кои ќе се оддржат на годишнината од студенското востание против поранешната воена хунта во 1973 година би можеле да се претворат во најголеми демонстрации во последниве години. Кризната коалициска влада на Пападимос синоќа успешно го мина првиот тест, откако парламентот со големо мнозинство и‘ изгласа доверба.
Вкупно 255 пратеници од 300-члениот парламент гласаа за новиот кабинет, што беше составен на крајот од минатата недела.
Триесет и осум пратеници гласаа против, а останатите седум се воздржаа.
Пападимос, кој е поранешен вицепретседател на Европската централна банка, доби тримесечен мандат да ги исполни обврските на Грција од спасувачката програма, финансирана од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како и да ги забрза долгорочните реформи.
Пред изборот, Лукас Пападимос изјави дека е оптимист дека еврозоната ќе им одолее на тешкотиите и предупреди дека проблемите на Грција ќе бидат поголеми ако таа остане надвор од монетарната унија, отколку ако биде во неа.
Автор: СН/ ЖА/ дпа/ афп/ миа
Редактор: А.Трајковска