Пластичната елка во српскиот главен град ги иритира граѓаните, зашто чинела рекордни 83.000 евра и претставува „само врв на ледениот брег од корупција и класичен пример на отуѓување пари од градската каса“, напиша во неделата весникот „Блиц“. „Најскапото новогодишно дрво во светот“ е изложено три дена пред истекот на јавниот тендер за него.