Пецалникос иден премиер?
9 ноември 2011Реклама
Премиерот Јоргос Папандреу на претседателот Каролос Папуљас ќе му предложи нов премиер. Неговото име не е соопштено, околу него се воделе препирки до доцна ноќеска. Како најизгледен кандидат се смета претседателот на Парламентот, Филипос Пецалникос..
Во меѓувреме, меѓу Грција и ЕУ повторно дојде до затегнатост. Еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен инсистира на тоа грчките партии писмено да се обврзат на спроведување на мерките за штедење во земјата.
Лидерот на опозиционата грчка конзервативна партија Нова демократија го отфрли барањето на еврокомесарот Оли Рен. Антонис Самарас истакнува дека никој нема право да се сомнева во неговото усно дадено ветување.
Автор: ЖА/СН/дв
Редактор: Е. М. Фиданоска