„Одлуката за прием на Грција беше политичка“
10 октомври 2011Претседателот на комисијата на ЕУ Жозе Мануел Баросо ги обвини финансиските пазари за предизвикување паника за време на должничката криза. „Во минатото, експертите и финансиските пазари ги потценуваа должничките проблеми, денес ги преценуваат ризиците и создаваат паника“, предупреди Барозо во весникот „Билд“.
Во интервјуто, португалскиот политичар ги критикуваше и земјите на еврото дека извршиле голем притисок врз Комисјата при приемот на Грција во еврозоната. Приемот тој го окарактеризира како политичка одлука. Комисијата на ЕУ, во извештајот од 1998 година, јасно посочила дека Грција се’ уште ги нема исполнето критериумите за еврото. Барозо ги обвини земјите на еврото дека со политички преговори досега спречувале воведување на делотворни санкции против високозадолжените земји и се заложи за промена на ваквата политика. „Потребна ни‘ е поголема дисциплина и интеграција на земјите членки“, подвлече претседателот на Комисјата на ЕУ во интервјуто за германскиот дневен весник „Билд“.
Автор: А. Трајковска/ дв/афп
Редактор: Е.М. Фиданоска